Пораз за Македонија 57-77 од домаќинот Турција за полуфинале со Србија

Кошаркарската репрезентација на Македонија беше поразена од домаќинот и фаворит на турнирот Турција со 57-77, со што се пласираше на второто место во Групата. Утре од 16:15 избраниците на Марјан Србиновски ќе играат полуфинале со Србија.

Турција водеше во текот на целиот натпревар и во рутиснка завршница дојде до висока победа на крајот од 77-57. Селекторот Марјан Србиновски често ротираше и испробуваше различни тактички варијанти, давајќи им посериозна шанса и на резервните кошаркари во тимот, кои ќе бидат од голема помош на следните два натпревари во борбата за медал на Медитеранските игри.