Синоќа на небото над Охрид можеше да се забележи несекојдневниот феномен, таканаречен Супер Месечина, навидум многу поголема полна Месечина отколку што е вообичаено.
Кога патувањето на Месечината е најблиску до Земјата, а притоа се поклопува и полна Месечина, се добива феноменот Супер Месечина. Месечината се најде на најблиска точка од својата орбита до Земјата на оддалеченост од 356.991 километри, што ни изгледа 14% поголема и 30% посјајна.
Експертите тврдат дека и покрај некои верувања за природни катастрофи поврзани со Супер Месечината, нема причина за никаква загриженост, бидејќи станува збор само за природен астрономски феномен.
Следен пат ваков сличен феномен ќе имаме во август 2014 година.
WebOhrid