Среќна Православна Нова Година

Почитувани читатели, Ви посакуваме Среќна Православна Нова година! Имајте година исполнета со многу здравје, љубов, среќа и благосостојба! Нека е за многу години празнувањето на Св.Василиј! Ваш WebOhrid

повеќе...

Четири години со Вас – WebOhrid!

Почитувани читатели и наши верни пријатели! Нашиот медиум WebOhrid благодарение на сите вас постои веќе полни 4 години. Вие нé следите секој ден и постојано сте тука, каде може да се информирате, да прочитате и да видите како ние Вам ви ги пренесуваме сите важни вести и информации. Сме го правеле тоа за вас и за вашата љубопитност и денес, поради тоа сме горди на вас и со тоа горди на постоењето на WebOhrid! 12-ти Декември е наш заеднички ден, бидете со стил, со добра мисла и со добра намера!…

повеќе...

WebOhrid е номиниран во три категории за „Сајт на годината 2016“

WebOhrid и оваа година учествува во трката за избор на најдобар веб сајт во Македонија. Гласањето за најдобар сајт за 2016 година започна oд 24-ти ноември и ќе трае до 9-ти декември. WebOhrid e номиниран во три категории, и тоа: Најдобар сајт за 2016 година, Најдобар дизајн и Најдобар сајт за вести и информации. Најдобрите веб сајтови за 2016 ќе се прогласат на 14-ти декември 2016 година во холот на Македонска опера и балет во Скопје. Mанифестацијата „Сајт на Годината“ во организација на Media Solutions и системот за онлајн реклами…

повеќе...

Бесплатно презентирање на туристичката понуда

Општина Охрид ги повикува сите регистрирани приватни станоиздавачи, хотели, ресторани, кафетерии, туристички агенции и други субјекти поврзани со туризмот, својата понуда и услуги бесплатно да ја презентираат својата туристичка понуда преку веб страната www.ipult.info. За таа цел потребно е да се испратат информации во форма на текст и слика, кои ќе бидат објавени на информативните “touch screen” уреди, поставени на клучни локации во градов, со што на туристите и посетителите им се овозможува брз и лесен пристап до услугите. Воедно се повикуваат сите регистрирани станоиздавачи и хотели, своите понуди да…

повеќе...

Ќе се избира најдобра училишна веб страна

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, денеска информираше дека Министерството за образование и наука ќе организира државен натпревар за избор на најдобра веб страна за основните и средните училишта за учебната 2015/2016 година. Ристовски упати апел сите ученици да учествуваат на натпреварот, потенцирајќи дека квалитетот, оригиналноста на дизајнот и функционалноста на изработените страници, ќе бидат пресудни за победа. Веб страната треба да ја изработат редовни ученици кои ќе бидат предводени од најмалку еден наставник од училиштето, при што не смее да се користи готов урнек. „Зголемувањето на креативниот…

повеќе...

Три години со Вас – WebOhrid!

Почитувани читатели и наши верни пријатели! Нашиот медиум WebOhrid благодарение на сите вас постои веќе полни 3 години. Вие нé следите секој ден и постојано сте тука, каде може да се информирате, да прочитате и да видите како ние Вам ви ги пренесуваме сите важни вести и информации. Сме го правеле тоа за вас и за вашата љубопитност и денес, поради тоа сме горди на вас и со тоа горди на постоењето на WebOhrid! 12-ти Декември е наш заеднички ден, бидете со стил, со добра мисла и со добра намера!…

повеќе...

Гласајте за WebOhrid за најдобар сајт за 2015 година

WebOhrid и оваа година учествува во трката за избор на најдобар веб сајт во Македонија. Гласањето за најдобар сајт за 2015 година започна oд 24-ти ноември и ќе трае до 9-ти декември. WebOhrid e номиниран во три категории, и тоа: Најдобар сајт за 2015 година, Најдобар дизајн и Најдобар сајт за вести и информации. Вашата поддршка може да ни ја дадете на следниот  → линк ←. Најдобрите веб сајтови за 2015 ќе се прогласат на 14-ти декември 2015 година во холот на Македонска опера и балет во Скопје. Сајт на годината е манифестација…

повеќе...

Охрид интересен за „Columbus Travel“

Холандскиот магазин „Columbus Travel“ веќе подолго време го следи Охрид. Мотото на магазинот е: „Место од каде можете да добиете инспирација за патување, создадено од и за патниците“. Покрај Охрид, овој магазин има објавено фотографии и написи за Струга, Битола, Скопје, за Охридското Езеро од македонска и од албанска страна. Охрид со својот сјај отсекогаш го привлекувал и ќе го привлекува вниманието на пошироката светска јавност, а ваквите написи се голем плус за Охрид и за Македонија. WebOhrid

повеќе...

НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид од денес со нова web-страна

Најновите информации за работата на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, од денеска може да се најдат на новата веб локација на Библиотеката која ја има следнава адреса: www.bibliotekaohrid.mk  Тука ќе бидат поставени информации кои се однесуваат на организациската поставеност, развој, проекти, нови наслови и активности во Библиотеката. Страната е изработена во соработка со Факултетот за информатичка технологија „Св.Апостол Павле“ од Охрид во рамки на проектот „1000 идеи за подобар Охрид“, а креатор на истата е Назмије Денкоски.

повеќе...

Робот го чува дворот на „Македонски шуми“

Робот кој ѕирка од тревата! Оваа необична глетка може да се забележи поминувајќи покрај дворот од ЈП „Македонски шуми“ ПШС „Галичица“ на улицата „15-ти Корпус“. Станува збор за парче старо железо кое така оставено многу наликува на робот кој ѕирка од тревата. WebOhrid

повеќе...