Показна вежба на спасување давеници и укажување прва помош

Во рамки на обуките за безбедност на вода и прва помош, што Црвен крст Охрид и Операција Флориан, Манчестер, Англија ги спроведуваа во втората половина на месец јуни со повеќе субјекти од Охрид и пошироко, денес на старото пристаниште во Охрид,  се одржа и заедничка показна вежба на спасување давеници и укажување прва помош, според соодветно сценарио, во која учествуваа Единиците на Езерскта полиција Охрид, Територијалната противпожарна единица од Охрид, Итната медицинска помош и Единицата за безбедност на вода и прва помош на Црвен крст Охрид и инструкторите од Операција Флориан.

„Како и секоја година пред почетокот на летната туристичка сезона ги резимираме нашите капацитети и човечки и материјални, но  во координација со институциите кои се надлежни да интервенираат во случај на несакани последици и во случај на несакани случки во Охридското Езеро. Вежбата помина онака како и што предвидовме во најдобар ред, беа извлекувани 4 давеници, три активни, 1 пасивен. На сите им беше укажувана прва помош, реанимација и спасување. За тоа беа вклучени сите оние кои во минатите 10 дена учествуваа во интензиванта обука операција Флориан и инструкторите на Црвен Крст“. – изјави претседателот на Црвен Крст Охрид, Сашо Точков.

Точков изрази голема благодарност до операција Флориан, противпожарната бригада и како што рече од оваа година малку подлабока соработка со локалната самоуправа во Охрид, каде што веќе се започнати преговори за некои поконкретни соработки во смисла на обука и во смисла на некоја материјална техничка  помош од страна на операција Флориан.

„Противпожарната едница Охрид во заедничка соработка со Црвениот Крст Охрид на општина Охрид и добротворната организација операција Флориан од кралството Англија од 2009 година имаа заедничка соработка во поглед на обуки за спасување на давеници од вода при незгоди на пловни објекти и заедно со истите институции и Дирекцијата за заштита за спасување и Министерството за внатрешни работи е спроведена оваа вежба која мислам дека е успешна како презентација, како некој вистински настан на задоволство и на граѓаните“, – истакна командирот на охридската Противпожарна единица Спасе Прентоски.

WebOhrid