Приговорите за екстерното тестирање може да се достават до 26 јуни

Приговор на резултатите од екстерното оценување кои можат да ги поднесат ученикот или родителот на ученикот, ќе ги разгледува Училишна комисија за екстерно проверување на постигнувањата на учениците (УКЕППУ). 

Приемот на приговорите е до 26 јуни 2013 година најдоцна до 12 часот.

УКЕППУ е должна да заврши со увидот и внесот на забелешките најдоцна до 15 часот на 26 јуни 2013 година. 

По приемот на приговорот, комисијата е должна приговорот веднаш да го архивира, по што на барање на подносителот на приговор, може да му дозволи увид на тестот.

УКЕППУ е должна веднаш, односно паралелно со приемот на приговорите, да ги внесува забелешките на задачите кои се основани.