Македонскиот 29-годишен репрезентативец Александар Тодоровски потпиша две-годишен договор со австрискиот клуб Штурм Грац. Во изминатите 2 сезони нашиот дефанзивец беше член на Полонија Варшава. Тодоровски за нашата репрезентација има одиграно 13 натревари.
Штурм Грац оваа сезона ќе игра во УЕФА Европа лигата, а претходно на 9-ти јули пред своите гледачи ќе одигра пријателски натпревар против францускиот гигант ПСЖ.