Викендов ќе се одржи Балканијада во фудбал на кадети до 17 години

Викендов, 29 и 30 јуни со почеток во 09:00 часот на Градскиот Стадион „Билјанини Извори“ ќе се одржи Балканијада во фудбал на кадети до 17 години Охрид 2013 година.

На Балканијадата учество ќе земат следниве екипи: 

• Градска репрезентација Охрид/Струга

• Градска репрезентација Мостар

• Градска репрезентација Вуковар

• Фудбалски клуб Работнички Скопје

• Градска репрезентација Куманово

• Јужна регија Црна Гора

• Фудбалски клуб Војводина – Нови Сад

• Фудбалски клуб Леотар – Требиње

Ј.П. „Билјанини Извори“ – Охрид ги поканува сите љубители на спортот да го посетат овој настан.