Колумна: Моделот на развиени меѓуетнички односи во Охрид нема алтернатива, градоначалникот Бакрачески има шанса да влезе во модерната демократска историја

demirДраги мои, ние граѓаните на Охрид, слободно можеме да констатираме, дека во овој древен град, кој има непроценливо културно, историско, духовно и туристичко значение, не само за Охрид и Македонија, ами и во пошироки размери, отсекогаш како primus, се појавувале етникумите со сите свои посебности, но токму тој еквилибрум на различности и почитување, негување на истите, направиле Охрид да ја одигра улогата на Град, репер на соживот помеѓу етникумите во едно мултиетничко општество. Во посткомунистичките општества, тој еквилибрум на лебдечки вредности и практики не е ниту стабилен ниту балансиран, како последица на одреден етникум да доминира над останатите, што предизвикува страв од иднината кој добива колективни параноични белези, да биде „потоната“ во тој систем на меѓусебни односи по сите нивоа. Девизата „сите сме Охриѓани“ која во нормални политички состојби повикува на едно модерно граѓанско општество, кое го промовираше принципиелниот, внимателниот и несомнено политички едуциран Градоначалник на Охрид, од старт ги елиминира сите оние кои се повикуваа на својот колективитет или т.н. „затворени групи“ кои патем се и најголемата закана по модерниот концепт за одржлив рамноправен меѓуетнички и меѓурелигиски живот во Охрид. Тоа, темпо на развивање на принципот на „еднакви аршини“ во однос на сите, посебно лоциран во религискиот дел од тој фамозен систем на меѓуетнички и меѓурелигиски односи, дефинитивно го промовира д-р Никола Бакрачески, како своевиден реформатор, кој умее да управува со тешко за одржување „хетерогени општества“. Она, што остава простор за анализа и на прв момент за пофалба, е типичната лоцираност на светото и световното, со што се одржува во живот, секуларноста на целокупното општество. Плуралистичките теории за Демократијата/Р.Даал, Берелеон, Труман, Лазарфилд и други, се всушност патоказот како треба да напредува едно хетерогено општество. Во насока на промовирање на т.н. принцип на „позитивна дискриминација“ дефинитивно е спроведување на една правда, правичност, без да му се наштети на некој од другиот етникум. Во таа насока беше и Одлуката да се ПОНИШТИ и веке Донесената Одлука на Совет, За поставување на спомен обележјето на „ИЗИДА“ како своевидна отстапка за етапно институционално интегрирање на ранливите категории, како превентива од нивно потенцијално претопување во други етникуми, кои на долгорочен план би претставувале сериозно нарушување на балансираниот меѓуетнички и меѓурелигиски соживот во Охрид. Со вака поставената теза „Сите сме Охриѓани“ дефинитивно драги мои, Градоначалникот на Охрид, д-р Никола Бакрачески, комотно може да влезе во поновата политичка историја на демократски лидери, од редот на Жан Жак Русо, И.Кант, Труман и други. Ние, треба да сме тука, да го поддржиме во таа, ужасно тешка мисија, која ќе има плод на ниво на цела Република.

Овој принцип, драги мои, ги води до промовирање на поимот диференцирано граѓанство, како иновативен принцип кој е заснован врз намалување на неправдата помеѓу етничките културни групи во едно општество како и поддршка на правдата внатре во нив. Амбицијата е слична на онаа кај културните, либерални плуралисти, но средствата се делумно порадикални и попринципиелни, но како што и наведов, во интерес на граѓанството во целина, бидејќи сите треба да имаме или веќе имаме заеднички именител, подобар и подостоинствен живот за сите нас.

Со почит, Демир Далип – овластен претставник на Египќаните за надворешна соработка

*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.