Утре ќе се одржи турнир во ракомет за пионери

Ве известуваме дека на ден 30.06.2013 година (недела ) со почеток во 10:00 часот во Спортската сала „Билјанини Извори“ – Охрид ќе се одржи турнир во ракомет за пионери.

Настанот е во организација на Ј.П. „Билјанини Извори“ и Ракометниот Клуб „Охрид 2011“.

На турнирот учество ќе земат екипи од целиот западен регион.

Ј.П. „Билјанини Извори“ ги поканува сите љубители на ракометот и спортот да го посетат овој настан.