Во сообраќајна незгода на регионалниот пат Струга-Дебар животот го загуби 24 годишна стружанка

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што синоќа во 21 часот се случи на регионалниот пат Струга-Дебар. 

Елвира Ш. (24) од Струга на лице место им подлегна на повредите во момент кога патничко моторно возило „Фијат Пунто“ со струшки регистарски таблички, управувано од О.Ш. (27) од струшкото село Лабуништа, директно со левиот преден дел удрило во сега починатата која неправилно и на необележано место го преминувала коловозот на регионалниот пат од десната кон левата страна. 

На возачот на патничкото моторно возило изречена му е мерка притвор во траење од 15 дена. Тој, патничкото возило „Фијат Пунто“ го управувал со неприспособена брзина према условите и состојбите на патот.

На местото на тешката сообраќајна незгода извршен е увид во присуство на истражен судија и јавен обвинител како и полициски екипи од полициската станица во Струга. Во текот на денешниот ден, по наредба на истражен судија, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција. 

За време на вршењето на увидот во кој учествуваа истражен судија, јавен обвинител од основниот суд во Струга како и полициски екипи од полициската станица во Струга, во времето од 21 до 23 часот, сообраќајот на регионалниот пат беше пренасочуван по споредни патишта и улици.