„Литература“ се „чита“ и во ноќните часови, и тоа пред затворената врата од охридската Библиотека „Григор Прличев“. Според „кориците“ од „книгите“, овие ноќни „читатели“ најверојатно се љубители на домашна „литература“.
За жал, и вработените во Комуналец не можат да исчистат толку колку што несовесните можат да извалкаат и да загадат. Очигледно е потребно да се применат Законите, па кој загадува нека плати малку повеќе… во евра, се разбира!
Фото: Дим Дон