Повик за учесници за регионална средба „Градење капацитети и регионално поврзување на локалните организации“

Здружението МУЛТИКУЛТУРА од Тетово објавува повик за Регионална средба на млади луѓе, организирана од страна на Швајцарскиот Национален Младински Совет која ќе се одржи од 31.08-04.09. 2013г. во хотел Алпина, Маврово. Темата на настанот е „Младите против конфликтите“. На самата обука ќе бидат опфатени темите за соочување со конфликтите, нивното разбирање и решавањето на конфликтите кои се јавуваат во секојдневното живеење.

Повикот е отворен за учесници од Македонија, Албанија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Молдавија. 

Профил на учесниците:

-Да бидат номинирани од организација од наведените земји

-Да се на возраст од 18-30 години

– Да се мотивирани за учество на настанот

Број на учесници :20

Една организација може да номинира најмногу 2 претставници.

Рокот за пријавување е 31 јули.

Повеќе информации се наведени во формуларот за пријавување.