Одржана информативна сесија за ИПА програмата за доделување на неповратни средства

Во организација на Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид, Министерството за финансии, Министерството за труд и социјална политика и Делегацијата на Европската Унија, вчера се одржа информативна сесија за објавениот јавен повик во рамки на четвртата компонента од Инструментот за претпристапна помош (ИПА), Оперативна програма „Развој на човечките ресурси 2007-2013“, “Поттикнување на социјалната инклузија“, за доделување на неповратни средства (грантови). Информативната сесија имаше за цел реализација на предлог проекти наменети за поддршка на активности за вклучување на социјално исклучени лица на пазарот на трудот.

Објавениот Повик финансира активности поделени во следните три приоритени области:

 -Поттикнување на социјалното вклучување на лицата во неповолна положба на пазарот на трудот;

– Интеграција на немнозинските етнички заедници на пазарот на трудот со посебен фокус на жените;

– Зајакнување на улогата на релевантните актери во областа на социјалното вклучување.

Oпшта цел на грантовата програма е активно вклучување на најранливите категории на пазарот на трудот цо цел создавање еднакви можности на пазарот на трудот. Големината на грантовите е минимум 61 000 евра, а максимум 200 000 евра. Проектите би се реализирале во период до две години.

Повикот е отворен за невладините организации, јавните установи и други организации од јавниот сектор (со исклучок на органите на управата), единиците на локалната самоуправа, социјалните партнери (асоцијациите на работодавачи, асоцијациите на работници) и меѓународните организации кои ги исполнуваат условите опишани во повикот.

Информативната сесија има за цел да ги анимира наведените институции и организации да аплицираат на Повикот, а сите потребни документи и апликациони формулари можат да се преземат од веб страната на Секторот за централно финансирање и склучување договори http://cfcd.finance.gov.mk

ipa4851 ipa4852