Врз основа на претходната најава за објавување на јавен повик 1/2013 за доставување на барања за користење на средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програмата) која е објавена во петок на 31.05.2013 во дневните весници Вечер, Дневник и Коха, како и на интернет страниците на Секторот за управување на ИПАРД и Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој, Секторот за управување со ИПАРД, согласно Годишниот акционен план за комуникација и публицитет за 2013 година во соработка со Секторот ТЛЕР ќе спроведе инфо денови со што заинтересираните страни и пошироката јавност ќе се запознаат со можностите кои ги нудат новите измени на ИПАРД Програмата 2007-2013 и начинот на користење на средства од програмата.
За таа цел се известуваат сите физички и правни лица дека информативниот ден за ИПАРД ќе се одржи на 09 јули во Големата Сала на Општина Охрид со почеток во 19:00 часот.