Со цел подигнување на јавната свест и превентивно делување за спречување на перење на пари кај прометот на недвижности, Управата за јавни приходи изготви Упатство наменето за сите правни и физички лица кои вршат услуги на промет на недвижности и кои имаат законска обврска да ги преземат сите мерки и дејствија за спречување на перење пари и финансирање на тероризам.
Покрај надлежните институции, агенциите за недвижности имаат значајна улога во раното препознавање и спречување на перење на пари, бидејќи прометот со недвижности е еден од преферираните начини за прикривање на нелегално стекнатите приходи, а манипулирањето со цените на имотот е стар познат начин на трансферирање на нелегалните приходи помеѓу договорените страни.
Како да се препознаат сомнителни трансакции / активности при прометот со недвижности, кои се најчестите техники на перење на пари, кои „зделки“ се ризични од аспект на перење на пари, се дел од прашањата на кои сите инволвирани општествени чинители треба да одговорат со цел ефикасно справување со глобалниот предизвик „перење пари“.
За повеќе информации преземете го „Упатството за спречување на перење пари за агенциите за промет на недвижности“.