Санација на опожарената зграда

Опожарената зграда на Булеварот „Туристичка“ од вчера на пладне доби електрична енергија.

Како  што претходно најави градоначалникот Бакрачески, локалната самоуправа веднаш  пристапи кон санација на настанатата штета, за што се ангажира  и посебна фирма во чија надлежност се ваквите активности.

„Презадоволни сме, бидејќи претходно од ЕВН ни рекоа дека санацијата ќе трае околу 40-тина денови.  Ова испадна над очекувањата, а сакаме јавно да му заблагодариме на градоначалникот. Материјалната штета е огромна, но локалната самоуправа финаниски застанаа зад нас, како што претходно ни вети“, –  вели Белинда Андоновска, жителка на опожарената зграда.

При посетата на опожарената зграда,  градоначалникот Никола Бакрачески истакна дека обврска на локалната самоуправа е да ги застапува интересите на станарите, а веќе во четвртокот се презедоа координативни активности помеѓу службите во општина Охрид, Секторот за комуналец развој и сообраќај, екипите од Противпожарната служба, Центарот за управување со кризи како и екипите на ЕВН Македонија.

„Се интервенираше на водоводната и канализационата мрежа на становите кои се наоѓаат веднаш над броилата. Се пристапи кон корнење на изгорената столарија, а новата која е веќе порачана чекаме да пристигне во секој момент“, –  додава Андоновска.

Пожарот во оваа зграда изби во неделета навечер од броилата за електрична енергија. Пожарот бил изгаснат со брза интервенција на противпожарната единица од Охрид, која пристигнала со повеќе возила.

Локалната самоуправа ќе направи се што е во нејзина надлежност за да им излезе во пресрет на граѓаните кои што живеат во оваа зграда.

Restavrirana_opozarena_zgrada_2