Претставници на фестивалот „Разиграно Оро“ во посета на Општина Охрид

На вториот ден од одржувањето на Меѓународниот фестивал “Разиграно оро“, претставници од повеќе европски земји учесници на манифестацијата, ја  посетија Општина Охрид и беа примени од секретарот Димитар Спасески.

Секретарот Спасески го истакна ставот на локалната самоуправа дека, секогаш ќе бидеме подготвени да ги поддржиме културните настани кои ја збогатуваат туристичката понуда на Охрид и неговото културно живеење и меѓународната афирмација на нашиот град. Спасески ги покани гостите до колку се во можност да присустуваат и на манифестацијата “Бело Лето“ и изрази уверување дека “Разиграно оро“ ќе стане традиционален и нераскинлив дел од културните збиднувања во нашиот град.

Во разговорот што следеше со дел од учесниците на фестивалот, тие ја истакнаа својата благодарност до локалната самоуправа, КУД “Филиграни“ и граѓаните на Охрид, за топлиот прием и беспрекорната организација. Во оваа прилика, гостите во името на своите ансамбли и градови на секретарот Спасески  му врачија пригодни подароци.

Razigrano_oro_priem_3 Razigrano_oro_priem_1