Денес Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски изврши увид врз градежните работи кои се одвиваат за реконструкција на патот од с.Сливово до спој со магистралниот пат М4 Охрид-Кичево при што ги увиде активностите кои се одвиваат на овој пат кој е во должина од 2.831,00 метар и вредност од 8.275.698.00 денари.
„Денес сме сведоци на изградбата на патот од село Сливово до магистралниот пат Охрид – Кичево, кој е во должина од 2 км и 850м и за што се издвоени некаде околу 8 и пол милиони денари од страна на Агенцијата за државни патишта на РМ, заедно со нивна поддршка, еве реализираме едно од ветените дела во изборната програма“, – изјави градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски.
Трајковски напомна дека во текот на оваа календарска година инвестициите во патната инфраструктура, односно во улиците во општина Дебарца се зголемуваат за два и пол милиони од досегашните три и пол милиони денари.
„Имаме инвестиции во износ од 6 милиони денари што значи дека на жителите на општина Дебарца каде што има потреба ќе им бидат реконструирани и асфалтирани нови улици и патишта“, – додаде Трајкоски.