Ќуповите за жал завршуваат во езеро

Веќе подолг период поголема група од деца го деградираат градскиот парк на потегот од х.Ројал до х.Милениум. Овој потег е хортикултурно уреден од страна на екипите на „Паркови и зеленило“, засадено е сезонско цвеќе, украсни дрвца и поставени се декоративни земјени саксии. Но децата играјќи го злоупотребуваат просторот, ја оштетуваат тревата, ги кршат цвеќињата и дрвцата, а недоличното однесување кулминира со фрлање на ќуповите во езерските води.

Ј.П. „Охридски Комуналец“ упатува апел до граѓаните, посебно до младата популација, бидејќи парковите се „душата“ на градовите, истите треба да се сакаат и негуваат, а не да се уништуваат.

За надминување на проблемот Ј.П. „Охридски Комуналец“ побара асистенција од МВР.

kupovi2 kupovi3