ЈП „Градски Гробишта“ објави оглас за издавање времени објекти под закуп за продажба на цвеќе

ЈП „Градски Гробишта“ Охрид ги известува сите правни и физички лица дека издава под закуп времени објекти-тезги за продажба на цвеќе во Градските Гробишта Охрид.

Тезгите се поставени на влезот од Градските Гробишта, на потегот од чуварската куќичка према гробиштата, означени со редни броеви 1 , 2, 3, 4 и 5. Истите ќе бидат издадени по пат на лицитација (јавно усно наддавање) за период од една година, почетна цена за секоја тезга е 4.500,оо денари.

Лицитацијата ќе се одржи на ден 19.07.2013 год.(петок) со почеток во 10:00 часот во административните простории на ЈП „Градски Гробишта“ Охрид.

Право на учество имаат сите правни и физички лица кои ќе достават свои пријави во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на огласот.

Пријавите треба да содржат број на тезгата за која пријавениот е заинтересиран, како и точен назив на правното лице, седиште, жиро сметка и даночен број и истите да бидат доставени во затворен плик на кој ќе стои точната адреса на издавачот на деловните простори: ЈП „Градски Гробишта“ Охрид, „15ти Корпус“ бб Охрид.

Сите заинтересирани за подетални информации можат да се јават во административните простории на ЈП „Градски Гробишта“ Охрид секој работен ден од 07:00 до 15:00 часот или на телефонот 267-268.