Невреме и поплави во Торонто

Торонто го зафати силно невреме проследено со обилни дождови кои предизвикаа поплави, а 300 илјади жители останаа без струја. Спасувачките служби соопштија дека за среќа нема жртви, а само мал број се пријавени со лесни повреди за време на невремето.

Метрото е во застој, а спасувачите морале со чамци да евакуираат околу 1400 патници од возот. Многу жители биле приморани да ги остават своите автомобили на поплавените автопати, а летовите од аеродромот се откажани.