-Управниот одбор на ФФМ, пред почетокот на натпреварувачката 2013/14 година ги донесе пропозициите за натпреварување во Прва МФЛ, Втора МФЛ, пропозициите за Куп натпреварување за сениори, пропозициите за натпреварување во Третите лиги, пропозициите за натпреварување во млади категории, како и пропозициите за натпреварување во Прва женска лига и Куп натпреварување во женска конкуренција.
-Управниот одбор на ФФМ го усвои правилникот на федерацијата за инфраструктура и стадиони.
-Покрај носењето на пропозициите, Управниот одбор на својата седница ја избра судиската комисија на ФФМ. Емил Божиновски и понатаму ќе ја врши функцијата – Претседател на судиската комисија.
-Управниот одбор на ФФМ ја избра комисијата за натпреварување на ФФМ. Натпреварувачката комисија на ФФМ ќе продолжи да ја води Васко Дојчиновски.