За поефикасна контрола на нелегалните агенции, превозници и организатори на разни екскурзии и тури, нерегистрираните даватели на услуги во туризмот и други чинители, a врз основа на заклучоците донесени на предходно одржаниот состанок, Секторот за Туризам и Локален Економски Развој, континуирано организира координирани заеднички контроли со сите надлежни институции, Општински инспекторат, Туристички инспектор, Државен пазарен инспекторат, Пазарна инспекција, Управа за јавни приходи и МВР.
Во таа насока денеска, на повеќе локации, се спроведе успешна заедничка контрола на надлежните институции, при што беа евидентирани низа неправилности кај вршителите на туристичка и угостителска дејност.
Согласно законот за туристичка и угостителска дејност ќе се преземат соодветни мерки за санкционирање на чинителите на прекршоци во оваа дејност.
Општината Охрид и Секторот за туризам и ЛЕР уште еднаш напоменуваат и информираат дека ваквите акции ќе се одвиваат континуирано во текот на целата летна туристичка сезона.