Субрата Сахара Рој претседател на групацијата Сахара Индија Паривар и неговата делегација од 50 луѓе пристигнаа со два приватни авиони на Охридскиот Аеродром Св. Апостол Павле.
Во текот на наредните денови Субрата Рој ќе има директни средби со владините претставници, со што ќе се дискутира за реализирање на големите инвестиции во Македонија од страна на групацијата Сахара.
За време на посетата, мултимилионерот и гостите ќе бидат угостени во хотелите Гранит, Инекс Горица и Славија Спектар.
На 13 јули во Охрид бизнисменот Рој ќе организира свечена вечера на која се очекува да присуствуваат високи владини и државни претставници, како и членови на дипломатскиот кор во Македонија.