Во организација на Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид, а во соработка со Секторот за управување со ИПАРД програмата во Република Македонија, вчера во Големата сала на Општина Охрид со почеток во 19:00 часот, согласно Годишниот акционен план за комуникација и публицитет за 2013 година се одржа инфо ден со што заинтересираните граѓани, земјоделци и приватни стопанственици и пошироката јавност беа запознаени со можностите кои ги нудат новите измени на ИПАРД Програмата 2007-2013 и начинот на користење на средства од програмата.
Новите измени во ИПАРД Програмата кои се донесени со цел поуспешно искористување на овој европски фонд – четвртта модификација – ги опфаќа следните мерки:
Мерка 101 – Инвестиции на земјоделските стопанства за преструктуирање и надградба до стандардите на Европската Унија
Инвестиции кои ќе доведат до надградба на земјоделските стопанства:
- Лозови насади
- Овошни насади
- Производство на зеленчук
- Одгледување на животни за производство на млеко
- Одгледување на животни за производство на месо
Мерка 103 – Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската Унија
Групи на инвестиции:
- Производство на вино
- Преработка на овошје и зеленчук
- Млеко и млечни производи
- Месо и месни производи
Мерка 302 – Диверзификација и развој на рурални економски активности
Групи на инвестиции:
- Неземјоделски активности во руралните средини
- Диверзификација на приходите од земјоделска дејност
- Услужни дејности во земјоделството
- Рурален туризам
Исто така присутните беа запознати со објавениот ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2013 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата.