Во пожар настрадаа мајка и дете

Утрово во населбата Чекоштина  изби пожар на импровизиран објект за живеење во кој настрадаа мајка и седуммесечно бебе.

Командирот на ТППЕ Охрид, Спасе Прентоски соопшти дека интервентната група пожарникари од Територијалната противпожарна единица Охрид излезе на терен со 2 возила и 8 пожарникари каде затекна комплетно опожарен и срушен објект.

„При интервенцијата и расчистувањето пронајден е леш на жена за што веднаш беше известен  Секторот за внатрешни работи за да изврши увид на лице место. При увидот пронајдено е и изгореното тело на мало бебе. По налог на истражен судија телата се дадени на обдукција“, – рече Прентоски.

Градоначалникот Бакрачески го посети опожареното место и изрази жалење поради загубата на човечките животи.  

Во изминативе неколку години во повеќе наврати е интервенирано на овој импровизиран објект.

Opozarena_koliba_4853 Opozarena_koliba_4852