ЈП „НИСКОГРАДБА“ – Охрид, апелира до граѓаните на општина Охрид, сопствениците на викенд станови и посебно до станоиздавачите да внимаваат и укажуваат на своите гости да не фрлаат секаков вид тешко разградлив отпад (крпи, хигиенски влошки, влажни марамчиња, детски памперси…) во мрежата за одведување на отпадни води со што би предизвикале дефекти и оштетувања на самата мрежа и загрозување на здравјето на луѓето.