Со коктел во хотелот „Гарден“ најавен фестивалот „Охридско Лето“

Со пригоден коктел во х.“Гарден“, синоќа во организација на Општина Охрид и “Охридско Лето“, беше  најавена годинешната програма на фестивалот и големата оперска ѕвезда Дмитри Хворостовски, со која денес се отвора 53-то издание на нашата најреномирана музичко – сценска манифестација.

Ваквиот приод на менаџментот на фестивалот, ја потврдува добрата соработка со донаторите и пријателите на “Охридско Лето“, за успешна организација на вакви врвни културни настани, од кои бенефит имаат и донаторите и спонзорите на манифестацијата.

Градоначалникот Бакрачески во изјава за ТВ Сител, го истакна големото значење што фестивалот го има за Охрид и Македонија и изрази уверување дека и годинешното издание ќе ги задоволи највисоките уметнички  критериуми и вкусовите на публиката.

Priem_Oh_leto_4854