Поединечно Државно првенство на Македонија за Сениори/ки во Охрид

Атлетската федерација на Македонија, согласно Календарот за натпревари, Државното поединечно првенство на Македонија за Сениори/ки ќе го организира како еднодневен натпревар во Охрид на 13 Јули 2013 година (сабота).

Овој натпревар воедно ќе има изборен карактер за претстојното Балканско првенство за Сениори кое ќе се одржи на 27-28 Јули 2013, во Стара Загора – Бугарија.