Турново продолжува во УЕФА Европа лигата, Тетекс и Металург надвор од игра

Иако со многу среќа, сепак екипата на Турново продолжува со натпреварите во УЕФА Европа лигата. По двата дуели против Судува од Литванија кои завршија со 2:2, следуваа пенали по кои поуспешен беше нашиот тим.

Екипата на Пјуник од Ерменија го победи Тетекс со минимални 1:0, со што Тетекс го заврши натпреварувањето во Европа лигата за оваа сезона.

Исто така и тимот на Металург го заврши натпреварувањето во Европа лигата. Тимот на Карабак од Азербејџан и во вториот дуел победи со 1:0 со што со вкупен резултат од 2:0 успеа да обезбеди место во следната рунда.

WebOhrid