Градоначалникот Бакрачески оствари средба со индискиот бизнисмен Субрата Рој

Градоначалникот Никола Бакрачески и владина делегација составена од министрите за финансии Зоран Ставрески, транспорт и врски Миле Јанакиевски, земјоделие Љупчо Димовски и инвестиции Виктор Мизо одржаа работен состанок со индискиот бизнисмен Субрата Рој, сопственик на Сахара Индија Паривар.

На состанокот потенцијалните инвеститори беа запознаени со уловите за инвестирање во општина Охрид и административните работи кои треба да се завршат за да започнат градежните зафати.