Отворен повик за самокандидирање на претседатели на општинските организации на СДСМ

Врз основа на член 31, став 1, алинеја 6, член 68, став 2, член 68-а и член 68-б од Статутот на СДСМ и Одлуката за распишување на внатрепартиски избори како и правилникот за постапката, начинот и критериумите за кандидирање и избор на членовите на органите и носителите на функции во Општинските организации на СДСМ усвоени на Третата седница на Централниот одбор на СДСМ одржана на 30.06.2013 година, се објавува:

ОТВОРЕН  ПОВИК

за самокандидирање за претседатели на општинските организации на СДСМ во Охрид, Карпош, Кочани, Битола, Штип, Пробиштип, Кратово и Крива Паланка

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги повикува сите заинтересирани членови на Партијата да поднесат кандидатура за претседател на некоја од наведените општински организации, а притоа да ги исполнуваат критериумите од Правилникот за кандидирање и избор на претседатели на општинските организации на СДСМ: 

  • да уживаат висок авторитет, углед и доверба во нивната средина
  • да бидат доследни во остварувањето на политичките и програмските определби на СДСМ
  • да имаат јасна визија за идниот развој и делување на СДСМ на локално ниво да поседуваат силни политички и организациски способности да бидат подготвени за воведување современи методи и технологии за работа да поседуваат вештини за јавен настап
  • да се однесуваат со почит и толеранција кон партиските колеги
  • да потпишат изјава за прифаќање на Етичкипт кодекс на СДСМ и истиот целосно да го почитуваат
  • да бидат членови на СДСМ во моментот на поднесување на кандидатурата

Заинтересираните кандидати своите програми за работа треба да ги достават најдоцна до 20 јули 2013 година до Претседателот на СДСМ, во седиштето на Партијата на ул. Бихаќка број 8 Скопје.

Дополнителни информации и обрасци за постапката (стандардизирана биографија и програма, пријава за самокандидирање, изјава за прифаќање на етичкиот кодекс на СДСМ и правилник за постапката) се објавени на огласна табла во просториите на наведените општински организации, како и на веб-страната на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија – www.sdsm.org.mk.