Руската православна црква – најголема дрвена градба на светот

Веќе 150 години, спектакуларната руска православна црква Кижи Погост, во целост изградена од дрво, со своите 37,5 метри сеуште останува најголема дрвена градба на светот.

Кижи Погост, која се состои од две цркви, се наоѓа на малиот остров Кижи, среде езерото Оњега, северозападна Русија, во близина на границата со Финска.

Сите елементи на оваа градба се направени од дрво, што покажува колку е отпорен овој материјал. И покрај неодамнешното мало реновирање, не е користен ниту еден друг материјал освен дрво.

Изграден во 18 век, овој дрвен храм има камбанарија, 22 куполи и внатрешен свод во форма на пирамида, а го красат 102 икони.

Кижи Погост е на листата на УНЕСКО од 1990 година.