Камион се судри со автобус во Москва, најмалку 18 жртви

Во тешка сообраќајна несреќа во Москва кога се судрија автобус и камиот, загинаа најмалку 18 патници, меѓу кои и едно дете на возраст од 6 години, додека повеќе од 40 лица се повредени.

Помеѓу 25 лица кои се префрлени во болница 10 се наоѓаат во критична состојба, исто така и две деца на возраст од 8 до 10 години.

Првичните сознанија во истрагата укажуваат дека возачот на камионот не му дал предност на автобусот да ја помине крстосницата, при што од јачината на ударот автобусот се преполовил.