Продолжуваат градежните активности во Дебрца

Дебрца не запира, продолжуваат градежните активности. Вчера градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски беше на терен во с.Оровник и увиде до каде е тампонирањето на локалните улици во селото.

За оваа активност предвидени се околу 250 метри кубни тампон кој ќе биде поставен во неколку локални улици во с.Оровник. Со ваквиот потег на Локалната самоуправа од Дебрца жителите на ова село ќе се спасат од прашината која беше честа при движењето на автомобилите во летниот период, а исто така нема да газат кал за време на врнежливите денови.