Исплатени 140 милиони денари субвенции на полјоделците и лозарите

Министерството за финансии денеска исплати 140 милиони денари на 6.270 земјоделци за производство на полјоделски култури и одржување на лозови насади.

Како што соопшти Минитерството за финансии, од овие средства 112 милион денари се исплатени на 4.932 земјоделци за производство на полјоделски култури.

Остатокот од средствата, односно 28 милиони денари се исплатени на 1.338 лозари за одржување на лозови насади.

„Владата на Република Македонија и Министерството за финансии со редовна исплата на субвенциите за земјоделците останува доследна поддршката на земјоделството како една од носечките гранки на македонското стопанство“, стои во соопштението.