Египќаните не се за предвремени парламентарни избори, но ако ги има бараат загарантирано пратеничко место

Ставот на Египќаните е дека на државата не и се потребни Предвремени парламентарни избори, бидејќи нема објективна политичка криза, има фунционална Влада и треба да се даде простор и време на реализирање на Програмите на функционерите, за чии Програми, гласачите го дале својот глас, за истите да бидат имлементирани. Но, доколку релевантните политички субјекти, и политичките елити, се договорат да има Предвремени Парламентарни избори, Египќаните, ќе побараат и од позицијата и од опозицијата, да им се обезбеди загарантирано пратеничко место на Египќаните, Црногорците и Хрватите. Со ова, не се крши ниту една одредба од Уставот, бидејќи бројот на пратеници во Законодавниот Дом, не е фиксно утврден, и истиот се движи од 120 до 140.

Со овој потег, само би се потврдила функционалната демократија, парламентарна и партиципативна, Мултиетничка Македонија, истакнуваат охридските Египќани.