Во првиот дуел од двомечот во квалификациите за Лигата на шампионите, нашиот претставник Вардар беше поразен со 0:3 во гости во Букурешт, против тимот на Стеауа. Резултатот беше поставен уште во првото полувреме. Танасе го отвори резултатот уште во 12 минута, на 2:0 зголеми Пинтили во 21 минута, а во продолжението од првото полувреме голманот на Вардар, Павловиќ со автогол ја доведе Стеауа во водство од 3:0.
Нашиот репрезентативец Даниел Георгиевски го одигра целиот натпревар за Стеауа.
Реваншот ќе се игра во вторник (23 јули) во Скопје, во кој Вардар ќе има тешка, речиси невозможна мисија.
WebOhrid