Британија продолжува да се бори со најдолгиот топлотен бран од 2006 година наваму. Здравствените установи потврдија дека околу 650 луѓе починаа како резултат од горештината во период од само 9 денови.
Во тие исклучително жешки денови 10 деца се упатени на специјалистичка болница за изгореници од сонце, меѓу кои и бебе старо само 4 недели.
Болницата „Кралица Викторија“ во Западен Сасекс примила огромен, досега незабележан број на луѓе кои се донесени во тешка состојба поради изгореници. Докторите ги предупредуваат родителите да ги заштитат своите деца од силните и штетни сончеви зраци, за да не им се претвори летната забава во кошмар.
После 6 денови по ред со температура над 30 степени, британските метеоролози најавуваат продолжување на горештините и во наредната недела, зголемувајќи го нивото на опасноста од горештините од 2 на 3, што е случај и за југоисточна Англија и Лондон.