Министерството за финансии ја исплати пензијата за јули

Министерството за финансии денеска ја исплати пензијата за јули. На сметките на 286.573 пензионери префрлени се 3 милијарди 577 милиони и 600 илјади денари.

Просечната пензија заклучно овој месец изнесува 12.489 денари.

Министерството за финансии продолжи со политиката на редовна и навремена исплата на пензиите и со тоа поддршка на стандардот на оваа категорија граѓани.