Меѓународниот Фолклорен Фестивал „Александар Македонски“ по 8 пат во Охрид

Друштвото за Македонско Културно Наследство „Александар Македонски“ од Охрид во соработка со КУД „Охриѓанка“ е организатор на Меѓународниот Фолклорен Фестивал „Александар Македонски“ кој ќе се одржи по 8ми пат во периодот од денес па се до 24-ти Јули во Охрид. Овој фестивал може да се пофали со гости – учесници од повеќе земји како и друштва од различни градови од Македонија.

Првата фестивалска вечер, односно свеченото отварање на фестивалот е на 22ри Јули, а втората фестивалска вечер е на 23ти Јули. Фестивалот започнува со дефиле по Охридксите улици, Охридската чаршија и Плоштадот, каде што Охриѓани и многубројните туристи ќе имаат можност да ги видат гостите- учесници од поблиску, како и да ги видат разнобојните автентични носии од различните култури сплотени во еден Град – Охрид. Главниот настап на учесниците ќе се одржи кај малиот градски плоштад „Крушевска Република“ кај Чинарот со почеток во 19:00 часот.