Мешани полициско-родителски патроли низ охридските кафулиња

Во синоќешните мешани полициско-родителски патроли, во рамки на програмите за Безбедни училишта и за Правна социјализација на младит, а што се реализираа во периодот од 23 до 03 часот низ сите угостителски објекти во Охрид како во централното така и во периферното градско подрачје учестувуваа околу 15 родители кои доброволно се пријавија, заедно со преставници на локалната самоуправа, центарот за социјални работи, преставници на Дневниот центар за третман на деца на улица, преставници од училишните одбори и од советот на родители од средношколските образовни центри во Охрид, како и преставници на советодавните групи на граѓани на Охрид и локални медиуми и дописници.

Притоа се направија обиколки на ноќните клубови и угостотелски објекти како и на места по крајбрежјето при што самите родители имаа можност да го видат амбиентот каде нивните деца излегуваат и кои се проблемите кои се можни да се случат во текот на ноќните забави. Легитимирани се околу 20-тина лица и предупредени се неколку малолетни лица околу законските обврски кои мора да се почитуваат, а беа легитимирани и неколку други лица по други основи. По барање на родителите мешаните патроли ќе продолжат на територијата на Охрид.