По втор пат, во Куратица под отворено небо на 1400 мнв под планинскиот масив Мазатар од денеска започнува „Starfire“ фестивалот. Официјалниот дел на забавата ќе започне од 21 часот и ќе трае се до утринските часови.
Целта и идејата за организирање на ваков тип на фестивал е присутните максимално да се опуштат од секојдневниот урбан живот (брзото темпо на живеење ) и да го почуствуваат чистиот возух и секако како што самиот слоган кажува да бидат „ПОБЛИСКУ ДО ЅВЕЗДИТЕ“.
Веќе е поставена целата опрема, од обезбедување на струја (агрегат), озвучување, уредување на просторот, пристапниот пат, како и обезбеден превоз од Куратица до настанот за тие што немаат сопствен превоз. За тие што сакаат да преноќеваат, определено е место за спиење во шатори. Влезот е слободен.