Партнерската компанија на „ТАВ аеродроми“, ATU Duty Free, која што оперира со бесцаринските продавници на аеродромите во Скопје и во Охрид, ја освои престижната светска награда „Брендон Хол“ (Brandon Hall Group Excellence), која што веќе 22 години се доделува за најуспешни корпоративни иницијативи и проекти.
Годинава ATU Duty Free го доби признание за проектот „Искуството на потрошувачите на ATU“: ATU Style, со што ја продолжи својата 15-годишна успешна приказна. Наградите „Брендон Хол“ се светски признаени како „Оскари“ во индустријата за иницијативи за човечките ресурси, поради што многу меѓународни компании секоја година влегуваат во трката за овие национални и глобални награди. Директорот за деловна поддршка на ATU, Пинар Шенер Харпут, ја прими наградата на неодамнешното свечено доделување во Флорида, САД.
Наградите „Брендон Хол“ се фокусирани на учење, талент и лидерство. Панелот на судии се состои од висококвалификувани професионалци во своите области, па затоа апликациите треба да се многу детални. Клучните критериуми за секоја номинација вклучуваат содржина на програмата, разновидност во содржината, практичност, иновација и мерливи предности.
„Од почетокот на работењето на нашата компанија пред 15 години, бизнис-моделот на ATU беше целосно фокусиран на обезбедување задоволство на клиентите. Тоа ја претставува нашата појдовна точка за сè што работиме. Ние едноставно сакаме да го пренесеме нашето искуство што е можно подобро. За таа цел креиравме посветена програма за учење, ATU Style, која што ја води посебен проектен тим кој се состои од консултанти, експерти за продажба, специјалисти за визуелна презентација и членови на нашиот тим. Целта на ATU Style е да посегнеме и да допреме до сите наши гости и да ги третираме како наши пријатели. Сакаме да опфатиме колку што е можно повеќе. А резултатите се многу мерливи и вредни за нас. Како ATU ние сме многу горди и почестени сме што добивме ваква високо ценета и позната награда на светско ниво каква што е Брендон Хол.“ – изјави Ерсан Аркан, генерален директор на ATU Duty Free.
Проектот „ATU Style Customer Experience“ има четири клучни столбови – „Бидете активни, слушајте, стапете во контакт и инспирирајте“. Започнувајќи на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, вработените на ATU имаат 10 часа наменска обука. Таков е и успехот на оваа програма, кој се пренесува и на другите активности на ATU.