Кризата ги погоди казината во Швајцарија

Швајцарскиот град Лугано во минатиот век бил познат по казината и коцкањето, а дури 80% од клиентите биле Италијанци. Овој град се наоѓа на само еден час возење од Милано. Италија моментално е во најголемата економска криза во последните 20 години.

Бруто приходите во над 20 швајцарски казина паднале за 24% во споредба на 2008 година, кога започна светската економска криза. Според податоците на Федерацијата на швајцарските казина, Швајцарските казина минатата година претрпеа пад на приходите од 8%.