Еден британски пилот се води како исчезнат откако неговиот авион денес паднал во водите на Ламанш, на летот кон Франција. Остатоците од авионот се пронајдени на брегот кај Довер во Англија, но пилотот кој бил сам во авионот, сеуште не е пронајден.
Пилотот полетал од аеродромот Блекбуш, југозападно од Лондон, а патувал кон Ле Тук во северна Франција.