Поставени подвижни јавни тоалети на шест локации во градот

На шест локации во градот, Фондот за комунален развој при Локалната самоуправа постави 24 кабини (подвижни јавни тоалети).

Подвижните јавни тоалети се поставени на паркинг просторот пред Горна Порта, во близина на Домот на култура „Григор Прличев“, кај  Студентскиот Дом „Никола Карев“, на крајот од градското шеталиште пред мостот кај каналот Студенчишта, во близина на скејт паркот и во кругот на спортскиот центар „Билјанини Извори“.

Одржувањето, дезинфекцијата и стерилизацијата на објектите ќе се врши два пати во неделата.

Подвижните тоалети на овие локации ќе останат до крајот на летната туристичка сезона.

Podvizni_toaleti_4851