Општина Охрид и ЈЗУ Центар за јавно здравје – Охрид ги известуваат граѓаните дека Министерството за транспорт и врски во соработка со Министерството за здравство, во сабота на 27 јули 2013 година ќе врши авионско запрашување против комарци.
Запрашувањето, почнувајќи од 05 часот ќе се одвива на на 1.500 ha и тоа на крајбрежјето на потег од с. Подмоље до населбата Св. Стефан и територијата на град Охрид.
Поради запрашувањето против комарци, се известуваат пчеларите на 27 јули ( сабота ) 2013 година, да не ги пуштаат пчелите од кошниците, односно да ги преземат потребните мерки за нивна заштита.
Се известуваат граѓаните на Општина Охрид дека препаратот со кој ќе се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата.
Доколку временските услови не го овозможат вршењето на дезинсекцијата, запрашувањето ќе се изврши во наредниот поволен период.