Воз излета од шините во Шпанија, повеќе од 35 жртви

Најмалку 35 лица загинаа кога излета воз од шините кај шпанскиот град Сантијаго де Компостела. Возот се движел на линијата Мадрид-Ферол.

При несреќата од шините излетале сите 13 вагони, неколку се превртиле, а од еден од нив избувнал пожар. Во возот се наоѓале 240 патници, а причините за несреќата сеуште не се утврдени.