Продолжуваат активностите на ФФМ за воведување на COMET (КОМЕТ) системот. Во организација на Фудбалската федерација и во соработка со Универзитетот за Информатички Науки и Технологија, Св. Апостол Павле од Охрид, се одржа дводневна обука во периодот од 24 – 25 јули 2013, која опфаќа обука на администратори на фудбалските клубови од Прва и Втора лига и администратори на општинските фудбалски сојузи за користење на COMET (КОМЕТ) систем.
COMET (КОМЕТ) e глобален информатички систем за процесирање на сите податоци врзани за евиденција на натпревари и наптреварувања, а ги интегрира сите елементи во врска со фудбалот (клубови, фудбалери, тренери, судии, делегати, организација, дисциплина итн.).
Од оваа година се очекува системот да биде потполно функционален за натпреварувањата од Прва и Втора лига, а во иднина да биде воспоставен и како главна алатка за сите фудбалски натпреварувања во државата.
Обуката ја вршеа предавачи од „Analyticom“ – Р.Хрватска, а просториите и техниката беа целосно обезбедени од страна на Универзитетот Св. Апостол Павле од Охрид.